Испапчен плускавец (науч. Silene ventricosa) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Многугодишно дводомно растение со многу разгранет ризом, со разгранети вегетативни гранчиња и со едно или неколку цветни стебленца. Стебленцата се високи 20-30 см, по целата должина со густи, куси и свртени надолу влакненца. Листовите се зелени и со густи, куси расперени влакна. Цветовите се групирани во терминални збиени главичести соцветија од поголем број цветови. Чашката е ѕвонеста, подуена, долга 4-6 мм, по површината со ситни влакненца, белокремава или во горниот дел црвеникава, со 10 слабо изразени зелени жили. Венечните ливчиња се бели, многу малку всечени.
Во Македонија Во Македонија расте по планински пасишта на длабока почва, на силикатна подлога на надморска височина од 1600 до 2400 метри. Се среќава на Бистра, Илинска Планина, Јабланица, Баба со Пелистер, Ниџе со Кајмакчалан, Дудица и Кожуф.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)