Зентнеров плускавец (науч. Silene sendtneri) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Многугодишно дводомно тревесто растение високо до 40 см, со разгранет ризом и со снопчиња од листови од стерилни гранчиња во основата. Стеблото е вертикално, поединечно или по неколку, обично со 1-3 пара листови, во основата со куси, густи влакненца свртени надолу. Листовите се со ретки куси влакна, брактеите се бели, ципести, цветовите во голем број и собрани во терминални главичести соцветија. Чашката е ѕвонеста, венечните ливчиња се белузлави или бледокремави, по работ целокрајни или едвај забележливо всечени.
Подвидови Профатени с еовие подвидови: S. s. balcanica S. s. sendtneri
Во Македонија Во Македонија расте по планинските пасишта од 1500 до 2500 метри надморска височина. Овој вид е познат за планините Шар Планина, Рудока, Бистра, Кораб, Дешат, Крчин.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)