Шкорпилов плускавец (науч. Silene skorpilii) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.

Опис Повеќегодишно тревесто растение високо 80-100 см, со прилично задрвенето подземно стебло. Стеблото е вертикално, препокриено со многу куси четинести влакна, свртени надолу, во најгорниот дел лепливо и тоа под самите цветови. Листовите се сивкаво зелени, со густи, куси расперени, четинести влакна. Соцветието е гроздовидно, цветните дршки се куси, процветните листови околу 2,5 мм долги, со широк ципест раб и со долги цилии. Чашката е долга 10-12 мм, цилиндрична. Венечните ливчиња се тенки, зеленикави, ламината многу плитко всечена. Плодната кутијка е долга 7-9 мм.

Во Македонија Во Македонија расте по суви тревести места, покрај грмушки врз лапор и по меѓите. Ова претставува ретко растение, познато само за Велес, клисурата на реката Тополка, Штип, Кочани, Градско, Стоби и Неготино.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)