Ушест плускавец (науч. Silene otitesе) вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.

Опис Многугодишно растение со разгранет ризом и со стерилни лисни розети. Стеблото е вертикално, високо 30-60 см, неразгрането или разгрането во горниот дел, во основата со густи многу мали и свртени надолу влакненца. Листовите се ланцетни до лопатовидно ланцетни, на врвот тапи. Соцветието е ретко и издолжено, најгорните цветни гранчиња се со најдолги дршки. Цветовите се еднополни, машки или женски, во горниот дел на стеблото групирани во пршленовидни образувања со куси дршки. Чашката е 3-5 мм долга, гола, обично зеленикава, нежна, со 10 зелени жили. Венечните ливчиња се речиси незабележливи, жолтеникаво зелени, линејни, целокрајни и без грлени лушпи.

Подвидови Прифатени се овие подвидови: Silene otites subsp. hungarica Wrigley Silene otites subsp. otites

Во Македонија Во Македонија е познато дека расте во Скопје, Водно, Скопска Црна Гора, клисурата на реката Треска, Матка, Таорска Клисура, Тетово, Велес, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Гевгелија и Дебар.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)