Густоцветен плускавец (науч. Silene densiflora) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Многугодишно тревесто растение со разгранет ризом и со стерилни гранчиња во основата. Стеблото е високо до 180 см, вертикално, поединечно или неколку, неразгрането, а подоцна се развиваат странични гранчиња. Листовите се густо влакнести, со долги расперени влакна. Соцветието обично е многу разгрането, со цветовите собрани во топчести пршлени поради големиот број на цветови. Цветните дршки се 2-7 мм долги, а цветовите се еднополни. Венечните ливчиња се неупадливи, зеленикави, линејни.
Подвидови Прифатени се следниве подвидови: S. d. densiflora S. d. sillingeri
Во Македонија Во Македонија расте по брдски пасишта, по меѓи на лозјата и други култури, во низинските делови до 500 метри надморска височина. Видот е познат за Скопје, Катланово, Скопска Црна Гора, Радишани, Бродец, Таорска Клисура, Велес, Овче Поле, Радовиш, Демир Капија.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)