Леновиден плускавец (науч. Silene linoides) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Повеќегодишно растение со стебленца вертикални, во поголем број и високи до 60 см, со куси белузлави влакненца во основата, во горниот дел голи и лепливи. Гранчињата на соцветието алтернираат со еден цвет или со мал број на цветови, а цветните дршки се покуси од чашката. Чашката е долга 15-20 мм, обично влакнеста, а венечните ливчиња на горната страна розови а на долната страна пурпурни.
Во Македонија Во Македонија расте по каменливи и тревести места. Се посочува за Флора (Гевгелиско), Пелистер и Јаворлица (Демир Капија).
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)