Каменоломен плускавец (науч. Silene saxifraga) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Многугодишно тревесто растение, силно разгрането од основата. Стебленцата се во голем број, високи 10-12 см, во долниот дел со густи, куси и свртени надолу четинести влакненца, а во горниот дел голи и лепливи. Цветните гранчиња се неразгранети, со еден цвет или поретко со два цвета. Листовите се линејни до линејно ланцетни, долги до 25 мм, на врвот зашилени. Цветовите се на долги дршки. Венечните листови на горната страна се белузлави или зеленикави, на долната страна се црвеникави или жолтеникаво зелени.
Подвидови Прифатени се следниве подвидови:
S. s. lojaconoi S. s. rupicola S. s. saxifraga
Во Македонија Во Македонија расте по варовнички карпи и камењари од низините до алпскиот појас. Се посочува за повеќе места во Македонија,
Галерија
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)