Шмукеров плускавец (науч. Silene schmuckeri) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Многугодишно тревесто растение од основата силно разгрането. Стебленцата високи до 15 см, во горниот дел неразгранети и со еден цвет, или разгранети и со поголем број цветови. Листовите линејно ланцетни, 5-7 пати подолги отколку широки, на врвот заострени, зелени или сивкасто зелени. Цветовите се поединечни или во ретки соцветија со 2-8 цветови. Чашката е долга 7-9 мм, во горната половина ѕвонесто проширена, црвеникава, со ретки четинести влакна, со 10 жили. Венчето е црвено.
Во Македонија Во Македонија расте по пукнатини на варовничките карпи на надвомрска височина од 1600 до 2200 метри. Има поограничено распространување. Видот е познат за Церипашина на Шар Планина, Кобилино Поле на Кораб и Крчин на Дешат. Се посочува дека видот е најден на Стогово во 1939 година.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)