Повеќестеблен плускавец (науч. Silene multicaulis) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Повеќегодишно тревесто растение кое образува поретки баздови поради помалобројните стебленца. Стебленцата се вертикални, високи до 30 см, неразгранети, и завршуваат со еден цвет. Листовите се линејни или линејно ланцетни, на врвот заострени, по работи и по средната жила на долната страна на листот со четинести влакна. Чашката е долга 14-16 мм, во горниот дел е малку поширока, обично црвеникава или со црвени надолжни жили. Венчето е црвеникаво, белузлаво или зеленикаво.
Подвидови Прифатени се следниве подвидови: S. m. cretica S. m. multicaulis S. m. sporadum S. m. stenocalycina
Во Македонија Во Македонија расте по варовнички карпи и камењари од 1300 до 2300 метри надморска височина. Распространето е главно по планините на западната половина од Македонија, и тоа: Шар Планина, Кораб, Бистра, Јакупица и Галичица.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)