мини| Плодови и семиња од Atriplex hortensis Atriplex hortensis е вид растение од семејствотоAmaranthaceae кое се користи како лиснат зеленчук кој бил вообичаен пред спанаќот и сè уште се одгледува како негова алтернатива на некои топли места. Со години, бил класифициран во Chenopodiaceae, но сега е апсорбиран во Amaranthaceae. Евроазиски вид, широко натурализиран во Канада, САД, Австралија и Нов Зеланд.

Опис Едногодишно растение, високо до 2 м. Стеблото вертикално и многу разгрането. Листовите поголеми од 10 цм. Долните листови се срцевидни или триаглесто-копјевидни, целокрајни или поретко назабени. Горните се триаглести или издолжено-ланцетни; сите листови во почетокот препокриени со брашнест налеп а подоцна голи, со покуси или подолги дршки. Цветовите еднополни и дводомни собрани во класовидни соцветија, кои на врвот на стеблото формираат разгранета метличка. Женските цветови се од два типа: едните се без перијант но со 2 јајцевидно-округли брактеоли и вертикални кафеави семки, другите се со перијант, образуван од 4-5 сраснати во основата ливчиња, без брактеоли и со хоризонтални, црни семки.

Распространетост во Македонија Културно растение кое во минатото доста се одгледувало а денес многу поретко. Може да се сретне на многу места во Македонија. Се посочува за Кавадарци - с. Мајдан. мини| Atriplex hortensis со незрело овошје

Употреба и одгледување Atriplex hortensis има солен вкус сличен на спанаќ . Листовите се користат варени или сурови во салати. Некогаш се користеле за боење тестенини во Италија. Честа употреба на растението е за балансирање на киселиот вкус на киселецот. (1999): Orach.

Често се одгледувал во медитеранските региони уште од дамнина, сè додека спанаќот не станал поомилен лиснат зеленчук.

Галерија

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Лиснат зеленчук Категорија:Флора на Азија Категорија:Лобода Категорија:Флора на Македонија