Орановска Клисура () — седма клисура по течението на реката Струма, меѓу Влаина на запад и најјугозападните падини на Рила на исток. Сместена е на територијата на општините Горна Џумаја и Симитли во Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Ги поврзува Горноџумајската Котлина на север и Симитлиската Котлина на југ.
Географски опис Клисурата е од епигенетско потекло и е всечена во масивен карпест праг. Има должина од околу 8 км, со средна надморската височина од околу 300 м. Се одликува со развитокот на средновисоки речни тераси покриени со пролувијални наносни конуси.
Започнува јужно од градот Горна Џумаја на 310 м.н.в. и се насочува кон југ. По околу 9 км, во околината на с. Железница е приближната средина на клисурата, при што тука надморската височина на водостојот е околу 300 м. Во овој дел реката Струма прави три забележителни свијоци и кај с. Ораново (денес дел од Симитли) излегува од клисурата на 294 м.н.в. и навлегува во северниот дел од Симитлиската Котлина.
Сообраќај По целата должина на клисурата од север на југ минува 8,3-километарска делница од првокласниот пат I-1: Видин – Монтана – Враца – Софија – Перник – Горна Џумаја – ГП „Кулата - Драготин“ (од 371,5. до 379,2. км). Северно од селото Железница, непосредно до свијоците на Струма патот минува низ тунел долг 380 м.
Напоредно на патот низ клисурата минуваат и околу 8 км од железничката линија Софија – Горна Џумаја – Кулата.
Поврзано
Горноџумајско Горноџумајска Котлина Симитлиска Котлина
Наводи
Надворешни врски
Лист од карта К-34-83, Размер: 1:100 000.
Категорија:Клисури во Пиринска Македонија Категорија:Општина Симитли