мини|273x273пкс|Горан Чаушиќ Горан Чаушиќ (роден на 5 мај 1992 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како централен играч за врска. Моментално настапува во Русија за екипата на Арсенал од Тула.
Клупска кариера
Почетни години На 16 јуни 2009 година, Чаушиќ го потпишал својот прв професионален тригодишен договор со клубот на Црвена ѕвезда од Белград. Подоцна бил испратен како позајмен играч во тимот на Сопот, стекнувајќи искуство две сезони во српската лига на Белград. Во почетокот на 2012 година, Чаушиќ бил преместен да игра во екипата на Рад.
Ескишехирспор На 26 декември 2012 година, заедно со Андреј Мркела, Чаушиќ потпишал четиригодишен договор за турскиот клуб Ескишехирс. Својот прв гол за клубот го постигнал на 11 јануари 2013 година на натпревар од Купот на Турција против екипата на Мерсин Идмањурду.
Осасуна На 13 јули 2016 година, Чаушиќ потпишал двегодишен договор со шпанскиот клуб од Ла Лига Осасуна. По редовните настапи во клубот тој морал да го прекине договорот на 5 јули 2017 година поради фактот што Осасуна испаднала од првата лига на Шпанија.
Арсенал Тула На 11 јули 2017 година, Чаушиќ потпишал двегодишен договор со рускиот прволигаш ФК Арсенал од Тула. Во времето на неговото пристигнување, тренер на Арсенал од Тула бил тренерот Миодраг Божовиќ. На 4 март 2018 година, Чаушиќ постигнал гол во последната минута од натпреварот на оддалеченост од 22 метри. Со овој гол Арсенал од Тула го победил клубот на Ахмат од Грозни. Тој го соблекол дресот во знак на славење и покрај снежните услови на теренот. На овој натпревар на крајот имало голема тепачка помеѓу двата тима. Izzy Horsefield. Express: WATCH: Footballers FIGHT after last-minute goal in Russian Premier League. March 8, 2018.
Враќање во Црвена ѕвезда од Белград На 31 август 2018 година Чаушиќ се вратил во екипата на Црвена ѕвезда од Белград. На 15 септември 2018 година, во својот прв натпревар по враќањето во Црвена ѕвезда, тој постигнал гол во победата од 6:0 на домашен терен против екипата на Радник од Сурдулица.
Враќање во Арсенал од Тула На 7 јули 2019 година, тој се вратил во ФК Арсенал од Тула, потпишувајќи договор на повеќе години.
Репрезентација Чаушиќ ја претставувал својата земја на Европското првенство за играчи до 19 години во 2011 година и на Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2015 година.
Статистика во кариерата
Клуб
КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЦрвена ѕвезда од Белград2011–12Српска Суперлига00000000Рад132––1322012–1315220–172Вкупно2842000304Есхишехирспор2012–13Супер Лига13061–1912013–140041–412014–1527350–3232015–1623030–260Вкупно63318200815Манисаспор (како позајмен играч)2013–14ТФФ Прва Лига173––173Осасуна2016–17Ла Лига26120–281Арсенал Тула2017–18Руска Премиер Лига26310–2732018–195000–50Вкупно3131000323Црвена ѕвезда од Белград2018–19Српска Суперлига2112050281Арсенал Тула2019–20Руска Премиер Лига2121020242Вкупно во кариерата207172627021219
Признанија
Црвена ѕвезда Белград Освоена е Српската Суперлига: 2018–19
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Осасуна Категорија:Фудбалери на ФК Ескишехирспор Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година