мини|276x276пкс|Ќосиќ играјќи за АЕК Атина во 2017 Урош Ќосиќ (роден на 24 октомври 1992 година) е српски професионален фудбалер кој настапува на позицијата како централен бек. Моментално настапува за грчкиот суперлигашки клуб АЕК.

Клупска кариера Урош Ќосиќ е роден на 24 октомври 1992 година во Белград, а првите фудбалски чекори ги направил во младинските академии на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда од Белград. На 17 години преминал во клубот на ЦСКА од Москва, а подоцна се вратил во Црвена ѕвезда како позајмен играч. Во 2013 година се преселил во Италија во клубот на Пескара. За време на престојот во италијанскиот клуб тој имал и дополнителен трансфер во екипата на Фросиноне. Во сезоната 2016–17 Ќосиќ играл за италијанскиот клуб Емполи од Серија А.

АЕК Атина На 2 јули 2017 година, АЕК од Атина и Емполи постигнале договор за трансфер на српскиот централен дефанзивец во клубот од Суперлигата на Грција. 25-годишниот поранешен играч на Црвена ѕвезда од Белград, Пескара и Фросиноне, кој имал вкупно 14 настапи во текот на сезоната 2016-17 во Серија А се очекувало во Атина да ги комплетира последните детали од договорот и да потпише со клубот на АЕК за времетраење од четири сезони.AEK napada Ligu šampiona, Ćosić stiže u Atinu На 3 јули 2017 година, откако успешно ги поминал медицинските прегледи, тој ставил потпис на договорот на три (плус една) година. АЕК исплатил 500.000 евра за да го купи Ќосиќ од кубот на Емполи.

На 2 август 2017 година тој го одиграл својот прв официјален натпревар во поразот со 1:0 на гостински терен од екипата на ЦСКА Москва во реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. На 24 септември 2017 година Ќосиќ бил исклучен, по кавгата со фудбалерот Бјорн Енгелс во драматичната победа од 3:2 на домашен терен против големиот ривал клубот на Олимпијакос. Пет дена подоцна и двајцата играчи биле суспендирани со суспензија од вкупно два натпревари. Во средината на месец ноември Ќосиќ се соочил со проблем од повреда на глуждот. Оваа повреда го оставила надвор од терените околу 2-3 недели. На крајот на месец февруари 2018 година, Ќосиќ морал да замине на операција на стомачните мускули, а првичните проценки покажале дека тој ќе го пропушти остатокот од сезоната 2017-18.

На 5 април 2018 година, централниот дефанзивец Урош Ќосиќ го поминал успешно тренингот на АЕК и се чинело дека е подготвен да се врати во на теренот за игра. 25-годишниот Србин кој останал надвор од теренот од месец ноември сепак ќе можел да настапи на последните пет натпревари за тимот. Во тоа време клубот на АЕК го тренирал шпанскиот тренер Маноло Хименес. Ќириќ во сезоната 2017-18 направил напор за да може неговиот тим да ја освои титулата во Суперлигата на Грција.

Универзитатеја во Крајова На 2 септември 2019 година Урош Ќириќ потпишал договор со тимот од романската Лига I, Универзитатеја од Крајова на 3 години со опција за уште една година.

Репрезентација Ќосиќ играл за селекцијата на Србија У-19 и бил избран на почетокот на 2011 година за репрезентацијата на Србија У-21.

Признанија

Црвена ѕвезда Белград Освоен е Купот на Србија (1): 2011–12

АЕК Атина Освоена е Супер лигата на Грција (1): 2017–18

Статистика во кариерата

Клуб

КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЦрвена ѕвезда од Белград (како позајмен играч)2010–11Српска Суперлига8120——1012011–12702020—110Вкупно1514020—211Пескара (како позајмен играч)2012–13Серија А20010——210Вкупно20010——210Пескара2013–14Серија Б13010——1402014–1512020——140Вкупно25030——280Фросиноне (како позајмен играч)2014–15Серија Б11000——110Вкупно11000——110Емполи2015–16Серија А9000——902016–1714020——160Вкупно23020——250АЕК Атина2017–18Суперлига902060—1702018–191906060—310Вкупно28080120—480Вкупно во кариерата1221180140001541

Наводи

Надворешни врски Урош Ќосиќ Статистика на Utakmica.rs

Категорија:Фудбалери во Серија Б Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК ЦСКА Москва Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година