мини|Asplenium fissum, хербариусмки примерок Asplenium fissum е вид папрат.
Опис Папрат висока од 5 до 15 см со ползечки, разгранет и кус ризом. Листовите на изглед овални до овално копјести, голи, тројно пересто насечени. Лисната дршка во основата темнокафеава, а останатиот дел зелен.
Во Македонија Ова високопланинско растение во Македонија се среќава по пукнатините на варовничките карпи, камењари и сипари на Шар Планина, Кораб, Дешат, Јакупица, Бистра и Галичица. Се посочува и за Јабланица.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 60 МАНУ, Скопје, 1985
Наводи
Категорија:Слезенка Категорија:Папрати Категорија:Флора на Македонија