Cerastium banaticum (или банатски рожец) — повеќегодишно растение.
Опис Ова е повеќегодишно растение високо до 40 см, силно разгрането од основата и со многу стерилни и фертилни гранчиња, кои се вертикални, со свртени надолу влакна. Листовите се наспрамни, линејни до тесно линејни. Во пазувите на листовите има снопчиња од листови. Цветовите се групирани во ретки дихазиуми со мал број цветови. Чашкините ливчиња се долги 5-9 мм, јајцевидни, скоро тапи и зелени, а венечните ливчиња се двојно поголеми од чашкините, со широк бел ципест раб.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 260-261
Подвидови
Прифатени се следните подвидови:
C. b. banaticum C. b. speciosum
Распространетост Во Македонија расте по варовнички карпи, камењари и на серпентини од низините до 2300 метри надморска височина, и претставува широко распространето растение.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа