„Ходинка“ (руски: Ходынка) — расказ на рускиот писател Лав Толстој, напишан во 1910 а објавен во 1912 година.
Содржина На 17 мај 1896 година, Александра, позната како Рина, ќерката на кнезот Павле Голицин, одбива да го следи претстојното крунисување заедно со благородниците, туку посакува да биде заедно со народот. Таткото попушта и утредента, придружувана од братот Алек, таа заминува на Ходинското поле во близината на Москва. На свеченоста присуствува и работникот Јемељан Јагоднов, заедно со другарите. Кога организаторите започнуваат да фрлаат подароци кон присутните, доаѓа до голема турканица која со себе го повлекува Миша кој едвај успева да се извлече без потреби од толпата. Меѓутоа, Рина е притисната од народот и паѓа во несвест, а ја спасува Јагоднов. Во знак на благодарност, Рина му нуди парична награда, но тој одбива. Сепак, двајцата се сеќаваат на тој настан до крајот на нивните животи.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 418-427.
Наводи
Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази