Amaranthus hybridus е вид на едногодишно скриеносемено растение. Тоа е плевелен вид што сега се наоѓа низ поголемиот дел од Северна Америка и е воведен во Европа и Евроазија.

Опис Едногодишно растение. Стеблото вертикално, обично силно разгрането, до 100 цм високо, зелено, голо или со ретки влакна кои се погусти во горниот дел. Листовите јајцевидно-ромбични, зелени, со долги дршки, кон врвот и кон основата стеснети, на врвот тапи но со едно кусо осилесто трнче, голи, но со ретки влакна по испакнатите жили на долната страна на листот. Цветовите групирани во групи, а тие во долги класовидни соцветија, од кои терминалното класовидно соцветие е тенко и најдолго. Класовидни соцветија има и во пазувите на листовите. Брактеолите кај женските цветови 4-6 мм долги, во основата јајцевидни, потоа се стеснуваат и преминуваат во тенок линеен дел кој завршува со тенка бледожолтеникава боцка. Средната жила по целата должина зелена, така што брактеолите се изразито зелени. Брактеолите двапати подолги од перијантот. Машките цветови најчесто со 5 перијантни ливчиња, но по врвовите на групите од цветови може да се сретнат и со 4 и 3 перијантни ливчиња. Ливчињата на перијантот долгнавесто-ланцетни, на врвот зашилени, со зелена средна жила и ципести рабови. Женските цветови со 5 перијантни ливчиња, а со редукција можат да бидат сведени на 4 или 3. Перијантните ливчиња тесно елиптични, на врвот тапи или зашилени, еднакви со плодникот. Плодот странично сплеснат. Капачето на кутијката се отвора со една напречна пукнатина. Семката темнокафеава, лековидна, сјајна. лево|мини|409x409пкс| Amaranthus hybridus

Распространетост Amaranthus hybridus првично било пионерско растение во источна Северна Америка. Може да се најде во секоја држава освен во Вајоминг, Јута и Алјаска. Исто така, се наоѓа во многу провинции на Канада и во делови од Мексико, Западните Инди, Средна Америка и Јужна Америка. Натурализиран е на многу места со потопла клима. Расте на многу различни места, вклучувајќи ги и нарушените живеалишта.

Распространетост во Македонија Amaranthus hybridus на територијата на Македонија може да се најде по песокливи места, покрај потоци, реки, езера и други влажни станишта.

Познато за Струмица - с. Банско; Стар Дојран - с. Сретеново; Струга - с. Луково; Македонски Брод - с. Самоков.

Таксономија Има голема варијабилност, а се смета дека многу други видови Amaranthus се природни хибриди или потекнуваат од A. hybridus.

Употреба Семките и варените лисја се јадат.

Растението се користело за храна и лекови од неколку индијански народи и во традиционалната африканска медицина. Тоа е еден од видовите што се консумираат како Quelite quintonil на мексиканските пазари за храна. Има слаба антимикробна активност, но содржи ветувачки антиканцерогени фитохемикалии.

Наводи

Надворешни врски

Рачен третман на Џепсон Различни слики од зелен амарант Archived Етноботаника

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Јужна Америка Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Јадливи растенија Категорија:Флора на Македонија