„Три дена в село“ (руски: Три дня в деревне) — расказ на рускиот писател Лав Толстој, напишан во 1909 а објавен во 1910 година.

Содржина Прв ден: Скитници Во Русија се намножуваат бедните луѓе кои немаат никаков излез, туку стануваат скитници и питачи. Иако и самите живеат во голема беда, селаните им помагаат на скитниците. Таа голема војска од скитници и просјаци е голема закана за опшеството, зашто тие луѓе ги мразат богатите и зборуваат за одмзда. Расказот завршува со искажувањето на раскаѓувачот дека за таквата состојба е виновна неспособната власт.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 395-403.

Втор ден: Оние кои живеат и оние кои умираат Еден ден, во домот на раскажувачот доаѓа сиромашна жена од блиското село, жалејќи се дека власта со присила го зела нејзиниот маж во војската. Потоа, едно девојче бара помош за себе и за четирите браќа и сестри, кои останале сираци по смртта на мајка им. Писателот го посетува домот на сопругата на војникот, а оттаму посетува уште неколку сиромашни луѓе. Потоа, тој и лекарот заедно посетуваат еден многу болен човек по што се враќаат во домот на писателот каде ги чекаат богат ручек, бројни слуги, цвеќиња и раскош.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 404-412.

Трет ден. Давачки Писателот го посетуваат тројца селани со молба за помош поради запленетиот имот. Раскажувачот разговара со кметот, кој сочувствува со селаните, но не може да им помогне. Потоа, тој оди во општината каде разговара со старешината и со градоначалникот, кои му ги објаснуваат сите давачки што ги наметнува власта, бранејќи ги нивните постапки. Расказот завршува со осуда на власта која со многубројните давачки им ја влошува состојбата на селаните. Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 413-417.

Наводи

Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази