Amaranthus blitoides е едногодишен растителен вид. Обично расте до 60 цм, иако може да порасне до 1м. Цвета од лето до есен.

Се верува дека е домороден во централниот и веројатно источниот дел на Соединетите Американски Држави, но се натурализирал во речиси цела умерена Северна Америка. Исто така, натурализиран е во Јужна Америка и Евроазија. Некои научници го наведуваат како инвазивен вид.

Опис Едногодишно растение. Стеблото легнато, голо или папилозно влакнесто во горниот дел, до 50 цм долго, од основата силно разгрането. Листовите последователни, кожести, 1,5-3 цм долги, долгнавесто-ланцетни до обратно-јајцевидно-лопатовидни. Листовите на врвот тапи, но со едно кусо осилесто трнче, голи или само по спроводните жили на долната страна на ламината со ретки влакна, сивкасто-зелени и со белузлав тесен раб. Лисната дршка помала од ламината. Цветовите во групи во пазувите на листовите. Брактеолите ланцетни, ципести, покуси од перијантот и со зелена жила. Кај машките цветови перијантните ливчиња најчесто 4, јајцевидно-ланцетни, ципести, околу 2 мм долги, на врвот заострени. Женските цветови со 4 или 5 перијантни ливчиња. Ливчињата на перијантот тесно-ланцетни, на врвот заострени, ципести, со зелена жила по средината. Плодникот со 3 жига. Плодната кутијка скоро круглеста, малку сплескана, мазна, обично покуса од перијантот. Семката лековидна, црна, сјајна, со остар раб.

Распространетост во Македонија Amaranthus blitoides на територијата на Република Македонија расте по ѓубришта и обработливи површини.

Не располагаме со доволно податоци за неговото распространување. Единствено познат локалитет е Дервенска Клисура кај жел. станица Рашче. мини

Употреба Семето на Amaranthus blitoides било употребувано како извор на храна од страна на голем број индијански племиња. Народот Зуни, семето првично го јадел сурово, но подоцна го мелел со црно пченкарно брашно.

Наводи

Надворешни врски

Рачен третман на Џепсон Фото галерија

Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Флора на Македонија