„Предел близу Арл“ — слика масло на платно од 1888 година на францускиот уметник Пол Гоген, која прикажува селска сцена во Прованса. Сега се наоѓа во Музејот на уметноста во Индијанаполис, Индијана.

Опис Предел близу Арл прикажува типична сцена од таа област: селската куќа е традиционална за тој крај, чемпресите се вообичаени во областа, а стогот сено е погоден за време на жетва. Пристапот на Гоген кон темата многу му должи на Пол Сезан, кого Гоген го почитувал. Неговиот акцент на геометриските облици и начинот на кој неговата внимателна мрежа од прецизно поставени потези со четка ги спојува стогот сено и селската куќа создава високо уредена средина која многу му должи на Сезан. Начинот на кој тој го организира традиционалниот француски селски простор ја прави самата природа да се приспособи на неговиот сопствен структурен режим. Само светлите, кисели нијанси укажуваат дека Гоген сликал покрај Винсент ван Гог.

Историски информации Два месеци, заклучно со Божиќ 1888 година, Гоген и Ван Гог живееле заедно во Арл. Нивниот бурен однос довел до предвремен крај на нивната соработка, а тоа раздобје имало мало влијание врз уметноста на Гоген. И покрај судирот на нивните силни карактери, тоа било мошне продуктивно раздобје и за двајцата. Ван Гог силно посакувал да основа уметничка енклава во тој крај – желба што довела до одредено меѓусебно адаптирање. Ова било првото дело што Гоген го насликал во текот на тие месеци, на ленено платно што Ван Гог го подготвил за него. Мотивот бил еден од омилените на Ван Гог: рамниците на Кро.

Аквизиција Во февруари 1944 година, г-ѓа Џулијан Бобс го купила „Пределот близу Арл“ за Уметничкото училиште „Џон Херон“ како подарок во спомен на Вилијам Реј Адамс, нејзиниот прв сопруг. Сликата останала кај IMA за време на поделбата, и моментално е изложена во галеријата „Сидни и Кети Торел“. Има број на аквизиција 44.10.

Поврзано Сликарот на сончогледи Список на слики од Пол Гоген

Наводи

Надворешни врски IMA page. Archived 2012-11-02 at the Wayback Machine

Категорија:Постимпресионистички слики Категорија:Слики од Пол Гоген Категорија:Статии со текст на француски Категорија:Уметнички слики од 1888 година Категорија:Слики во Музејот на уметноста во Индијанаполис