мини|270x270пкс| Христос и жената фатена во прељуба, Питер Бројгел Постариот, 1565, 24 x 34 см мини|270x270пкс| Battesimo della gente, една сива и кафеава фреска во гризај од Андреа дел Сарто во Чиостро дело Скалцо, Фиренца (1511-26). Гризај ( „сива“) — слика изработена целосно во нијанси на сива или друга неутрална сивкаста боја.Chilvers, Ian (ed.), The Oxford Dictionary of Art, 3rd edition, Oxford University Press, 2004, p. 314 Се користи особено во големи декоративни шеми при имитација на скулптура. Многу од сликите во техниката гризај вклучуваат малку поширок спектар на бои, како што е илустрираната фреска од Андреа дел Сарто. Сликите во кафеава боја се нарекуваат брунај (brunaille), а сликите во зелена боја се нарекуваат вердај (verdaille).Christie’s, Sale 1380, Old Master Paintings, lot 49, New York, Christie’s, 17 June 2004.
Гризајот може да се изработи како самостојно дело, како подсликување за слика со масло (како подготовка за глазирање слоеви боја врз него) или како модел за работа на граверот. „Рубенс и неговата школа понекогаш користеле монохроматски техники при скицирање композиции за гравери.“Oxford Companion to Art. Ed. Harold Osborne; Clarendon Press. Oxford, 1970. Сликањето со полн спектар на бои бара многу повеќе од уметникот, па затоа работењето во техниката гризај често било избирано како побрзо и поевтино решение, иако овој ефект понекогаш се применувал намерно од естетски причини. Сликите во гризај наликуваат на цртежи, обично во монохроматска боја, кои ренесансните уметници ги подготвувале за понатамошна обработка; исто како и кај цртежите, тие многу полесно можат да ја откријат помалку вештата рака на некој асистент отколку една целосно обоена слика.
Историја лево|мини|321x321пкс| Крило од Ханс Мемлинг, со портрет на дарителот во боја, под гризај на Марија која е прикажана како статуа. Џото користел гризај во долните појаси на неговите фрески во капелата Скровењи во Падова (околу 1304), а Робер Кампен, Јан ван Ејк и нивните наследници сликале фигури во техниката гризај на надворешните крила на триптисите, вклучувајќи го и Гентскиот олтар. Првично, во поголемиот дел од времето токму тие делови биле видливи, бидејќи крилата на олтарот обично биле затворени, освен за време на празници или по (платено) барање на посетителите. Сепак, денес овие сцени често се невидливи во музеите, бидејќи триптисите се изложени отворени и потпрени на ѕидот. Во овие случаи, техниката претставува имитација на скулптура, која во тоа време била поскапа дури и од слика изработена од познат мајстор.
Илуминаторите често изработувале илуминирани ракописи со пенкало и ги нијансирале со многу ограничен спектар на бои. Многу уметници, како што се Жан Писeл (активен околу 1320–1350) и Метју Парис, се специјализирале за овој вид работа, што било особено честа појава во Англија уште од англосаксонско време. Ренесансните уметници како Мантења и Полидоро да Караваџо често користеле гризај за да постигнат класичен ефект, односно за да го подражаваат изгледот на античкиот скулпторски релјеф или на староримското сликарство.
Во Холандија, континуираната традиција на слики во техниката гризај може да се проследи од ранофламанското сликарство па сè до Мартен ван Хемскерк (1498–1574), Питер Бројгел Постариот (со делото „Христос и жената фатена во прељуба“, 1565) и Хендрик Голциус, а преку богатото творештво на Адријан ван де Вене, па сè до кругот на Рембрант и Јан ван Гојен.
Таванските фрески во Систинската капела делумно се изведени во техниката гризај, како што е случајот и со долниот дел од големата декорација на скалилата на Антонио Верио (околу 1636–1707) во палатата Хемптон Корт.
Современи примери Гризајот, иако помалку распространет во 20. век, сепак опстојува како уметничка техника. Монументалната слика „Герника“ (1937) на Пабло Пикасо е еден таков пример.
Хуго Бастидас (1955–), современ американски сликар, станал познат по своите црно-бели слики кои го подражаваат ефектот на гризај и честопати наликуваат на црно-бели фотографии. Сликите на Бастидас често прикажуваат архитектура, вода, вегетација и мотиви од историјата на уметноста, изразувајќи ја неговата загриженост за состојбата на животната средина, глобализацијата и нивното влијание врз опстанокот на Земјата. Откако се вратил во Њујорк по престојот во неговиот роден Еквадор како стипендист на Фулбрајтовата програма во раните 1990-ти, Бастидас почнал да користи ограничена палета на бои — исклучиво црна и бела. Неговите платна со среден и голем формат асоцираат на црно-бела фотографија и се одликуваат со контрастни зони исполнети со ситни детали. Користејќи специјални четки со илјадници свински влакна (број 1), тој постигнува исклучително високо ниво на резолуција и прецизност на сликата. Бастидас се занимава и со дигитална фотографија, преку која ја пренесува својата содржина без притоа да создава класичен фотореалистичен ефект.
Академски студии Поради подемот на директното (alla prima) сликарство во 20 век, техниката гризај ја изгубила својата популарност кај тогашните уметници. Сепак, овој историски метод сè уште е вклучен во наставните програми на некои приватни уметнички школи и ателјеа.For example, at The Contemporary Realist Academy, in Memphis, Tennessee, The Ryder Studio in Santa Fe, New Mexico and Ecole Albert Defois in France.
Во емајл и витраж мини|140x140пкс| Витраж во гризај (15 век) Поимот се користи и за монохроматско сликање во други техники, како што е изработката на емајл, со што се постигнува ефект сличен на сребрен релјеф. Оваа техника е честа појава и кај витражот, каде што значително ја намалува потребата од парчиња стакло во различни бои. Одделни делови од прозорецот можат да се изработат во техниката гризај — на пример, со користење на сребрен лазур или специјални бои за стакло — додека останатите делови се изведуваат во класичен витраж.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Украсна уметност Категорија:Ренесансна уметност Категорија:Фрески Категорија:Сликарски техники Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Галицизми